„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив.“ - Умберто Еко

Wednesday, October 24, 2012

Името на розата

„Како што вели Боетиј, ништо не е поминливо во надворешниот изглед кој венее и се менува како полско цвеќе со настапување на есента“.

„Младината не сака веќе за ништо да учи, науката е во декаденција, светот чекори главечки, слепци водат други слепци и ги туркаат во бездните, птиците сакаат да полетаат пред да научат да летаат, магарето свири на цитра, воловите танцуваат... Сè е скршнато од својот пат.“

„Убавината на универумот не се состои само од единството во разнообразноста, туку и од разнообразноста во единството.“

„Книгата е кревко битие, боледува поради забот на времето, се плаши од глодачите, од временските неприлики, од невнимателните раце.“

„Живописот е писменоста на неуките.“

„Само едно нешто животните повеќе ги возбудува од насладата, а тоа е болката. Под тортура го доживуваш истото какои под дејство на билките што предизвикуваат привиденија. Сето она што си го слушнал и сето она што си го прочитал ти се враќа на ум, небаре си вознесен, не кон небото, туку кон пеколот.“

„Зашто три нешта придонесуваат кон создавање на убавината: пред сè севкупноста, односно совршенството, па заради тоа грдите нешта ги сметаме за непотполни; потоа задолжителната сразмерност, односно усогласеност; и конечно, бистрината и светлината, па затоа велиме дека убави се нештата со бистри бои...
... глетката на убавото донесува спокојство, а за нажите стремежи се бара исто така да се смират во спокојство, во убавото или во доброто...“

„За да постои огледало на светот потребно е светот да има свој лик.“

„Три прсти го држат перото, но целото тело работи и боли.“

„Исмејувањето на злото значи неспремност за борба против него, а исмејувањето на доброто значи непризнавање на силата преку која доброто се зрачи.“

„Прстите се месо за во касапница, за користење додека се потребни да се доведе во криза противничката власт, а за жртвување кога веќе не се потребни.“

„Секогаш е подобро оној од кој се плашиш да биде поисплашен од тебе.“

„Знаењето не е како монетата која физички останува цела дури и кога минува низ најнечистите зделки, тоа поскоро личи на прекрасна облека што се излитува со носењето и истакнувањето.
Зарем не е токму таква книгата чии страници се трошат, мастилото и позлатата стануваат бледи, ако ги допираат премногу раце?“

„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив. Кога в рака држиме книга, не треба да се прашуваме што кажува, туку што сака да каже.“

„Отпечатокот нема секогаш иста форма како телото што го оставило и не секогаш настанува од притисокот на некое тело. Понекогаш се прикажува трагата што некое тело ја оставило врз нашиот ум, тоа е отпечатокот на една идеја.“

„Идејата е обележје на нештата, а приказот е обележје на идејата, обележје на едно обележје.
Но, од приказот ќе можам да си претставам ако веќе не телото, тогаш барем идејата која некој друг ја имал за него.“

„Ибн Хазм; љубовта ја дефинира како бунтовна болест која сопствениот лек го носи во самата себе, па оној кој боледува од неа не сака да се излечи, а оној кој е снеможен не сака да се соземе.“

„Има зборови кои ти даваат моќ и зборови кои те прават уште побезвреден, и од таков вид се зборовите на простонародниот јазик со кој се служат простите кои Господ не ги обдарил со умеење да се изразуваат на универзалниот јазик на науката и на власта.“

„Општо е познато дека имињата кои луѓето ги налагаат на изразување на поимите се различни, а еднакви кај сите се само поимите, обележјата на нештата. Така што без сомнение зборот nomen (име), доаѓа од зборот nomes (закон), со оглед на тоа што луѓето токму ги озаконуваат имињата и тоа според слободно и колективно договарање.“

„Никој не е убиец пред да го изврши своето прво злосторство.“

„Човечки е да се прават грешки, но сепак има човечки суштества кои прават повеќе грешки од другите, а нив ги нарекуваат глупаци.“

„Доброто на книгата е во тоа таа да биде читана. Книгата се состои од знаци кои зборуваат за други знаци, кои од своја страна зборуваат за нештата. Ако нема око кое ќе ја чита, книгата содржи знаци кои не произведуваат поими, па според тоа е нема.“


Stat rosa pristina nomine, nomina nuda tenemos“- Од розата некогашна остана името; голи имиња ни остануваат.