„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив.“ - Умберто Еко

Sunday, May 12, 2013

Прашките гробишта

 „Без сомнение е најдобро да немаш никогаш потреба од пари и воопшто да не се разболиш“

„Човекот ако е оставен на самиот себе си е премногу лош за да биде слободен. Она малку слобода што му е потребна мора да му ја обезбедува владетелот.“

„Кон што се стреми секој, дотолку посилно колку што се чувствува несреќен и недоволно сакан од судбината? Кон парите и тоа приграбени без труд; кон власта и кон одмаздата за секоја претрпена неправда.“

„Луѓето веруваат само во тоа што веќе го знаат, а во тоа беше убавината на универзалниот модел на зборот.“

„... а занесениците се талогот на светот, бидејќи токму по нивна заслуга и поради недефинираните принципи со кои се вознесуваат се создаваат војните и револуциите.“

„Библиотеките се фантастични места! Понекогаш ти се чини дека се наоѓаш на перонот на некоја железничка станица и додека разгледуваш книга за егзотични земји, имаш впечаток дека патуваш кон далечни брегови.“

„Бомбастичните информации, ако ги изнесеш сите одеднаш, по првата ударна вест, луѓето ги забораваат. Наместо тоа треба да се даваат капка по капка, така што секоја нова информација ќе го пробуди одново сеќавањето на претходната вест.“

„Ни треба непријател за да му влее надеж на народот. Некој рекол дека патриотизмот е последното прибежиште на битангите: тој што нема морални принципи обично се затскрива зад некакво знаме, а и копилињата секогаш се повикуваат на чистотата на својата раса. Националниот идентитет е последниот ресурс на безимотните. Затоа чувството на идентитетот се темели врз омразата, врз омразата кон оној што не е идентичен. Омразата мора да се негува како општествена страст. Непријателот е пријател на народот. Постојано треба некој да го мразиме за да најдеме оправдание за сопствената бедност...
.. можеш да мразиш некого цел живот под услов да е тука, постојано пред очите и да ја потхранува нашата омраза. Омразата го грее срцето.“

„.Ако начините документ со голем број страници луѓето нема да можат да го прочитаат во еден здив. Треба да се стремиме кон постигнување поодделни и постепени пориви на одбојност, па кога некој ќе се соблазни од некое тврдење што ќе го прочита денес, нема да се сеќава на тоа што го соблазнило вчера.“