„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив.“ - Умберто Еко

Wednesday, October 24, 2012

Името на розата

„Како што вели Боетиј, ништо не е поминливо во надворешниот изглед кој венее и се менува како полско цвеќе со настапување на есента“.

„Младината не сака веќе за ништо да учи, науката е во декаденција, светот чекори главечки, слепци водат други слепци и ги туркаат во бездните, птиците сакаат да полетаат пред да научат да летаат, магарето свири на цитра, воловите танцуваат... Сè е скршнато од својот пат.“

„Убавината на универумот не се состои само од единството во разнообразноста, туку и од разнообразноста во единството.“

„Книгата е кревко битие, боледува поради забот на времето, се плаши од глодачите, од временските неприлики, од невнимателните раце.“

„Живописот е писменоста на неуките.“

„Само едно нешто животните повеќе ги возбудува од насладата, а тоа е болката. Под тортура го доживуваш истото какои под дејство на билките што предизвикуваат привиденија. Сето она што си го слушнал и сето она што си го прочитал ти се враќа на ум, небаре си вознесен, не кон небото, туку кон пеколот.“

„Зашто три нешта придонесуваат кон создавање на убавината: пред сè севкупноста, односно совршенството, па заради тоа грдите нешта ги сметаме за непотполни; потоа задолжителната сразмерност, односно усогласеност; и конечно, бистрината и светлината, па затоа велиме дека убави се нештата со бистри бои...
... глетката на убавото донесува спокојство, а за нажите стремежи се бара исто така да се смират во спокојство, во убавото или во доброто...“

„За да постои огледало на светот потребно е светот да има свој лик.“

„Три прсти го држат перото, но целото тело работи и боли.“

„Исмејувањето на злото значи неспремност за борба против него, а исмејувањето на доброто значи непризнавање на силата преку која доброто се зрачи.“

„Прстите се месо за во касапница, за користење додека се потребни да се доведе во криза противничката власт, а за жртвување кога веќе не се потребни.“

„Секогаш е подобро оној од кој се плашиш да биде поисплашен од тебе.“

„Знаењето не е како монетата која физички останува цела дури и кога минува низ најнечистите зделки, тоа поскоро личи на прекрасна облека што се излитува со носењето и истакнувањето.
Зарем не е токму таква книгата чии страници се трошат, мастилото и позлатата стануваат бледи, ако ги допираат премногу раце?“

„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив. Кога в рака држиме книга, не треба да се прашуваме што кажува, туку што сака да каже.“

„Отпечатокот нема секогаш иста форма како телото што го оставило и не секогаш настанува од притисокот на некое тело. Понекогаш се прикажува трагата што некое тело ја оставило врз нашиот ум, тоа е отпечатокот на една идеја.“

„Идејата е обележје на нештата, а приказот е обележје на идејата, обележје на едно обележје.
Но, од приказот ќе можам да си претставам ако веќе не телото, тогаш барем идејата која некој друг ја имал за него.“

„Ибн Хазм; љубовта ја дефинира како бунтовна болест која сопствениот лек го носи во самата себе, па оној кој боледува од неа не сака да се излечи, а оној кој е снеможен не сака да се соземе.“

„Има зборови кои ти даваат моќ и зборови кои те прават уште побезвреден, и од таков вид се зборовите на простонародниот јазик со кој се служат простите кои Господ не ги обдарил со умеење да се изразуваат на универзалниот јазик на науката и на власта.“

„Општо е познато дека имињата кои луѓето ги налагаат на изразување на поимите се различни, а еднакви кај сите се само поимите, обележјата на нештата. Така што без сомнение зборот nomen (име), доаѓа од зборот nomes (закон), со оглед на тоа што луѓето токму ги озаконуваат имињата и тоа според слободно и колективно договарање.“

„Никој не е убиец пред да го изврши своето прво злосторство.“

„Човечки е да се прават грешки, но сепак има човечки суштества кои прават повеќе грешки од другите, а нив ги нарекуваат глупаци.“

„Доброто на книгата е во тоа таа да биде читана. Книгата се состои од знаци кои зборуваат за други знаци, кои од своја страна зборуваат за нештата. Ако нема око кое ќе ја чита, книгата содржи знаци кои не произведуваат поими, па според тоа е нема.“


Stat rosa pristina nomine, nomina nuda tenemos“- Од розата некогашна остана името; голи имиња ни остануваат.

 

Wednesday, May 16, 2012

Пустина

„Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие; лудост која напнуваше на дебелите камени ѕидови, но неможејќи да ги турне се уништуваше самата себе.“

„Секој цвет си има своја миризба. Судено му е на мажот да лета од цвет на цвет, да го собира најслаткото од нив. Насити му се, скини го- убавината еднаш се дава и се зема. Фрли го во морето, нека го носат далгите на заборав.
Останува само нешто во душата- мирисот на цветовите.
Жената само еднаш се љуби, тоа што било прво е неповторливо.“

„Сиот овој проколнат свет, тука и надвор е криво насаден, невозможен. Да, и јас сум невозможен, таков сум... Можеби не сум го познавал сето тоа што сега ми се покажува. Не, сигурно светот изгледа поинаков надвор од проклетиве ѕидови, надвор од мене.“

„Во темницата телото тлее и очите, загледани во решетката истекуваат во копнеж да го здогледаат нејзиниот лик. А таа не се огласува на неговото довикување зашто тој е во темницата, а таа е таму од каде што блика светлината; нема да дојде, а тој нема очи да ја види... останува само во неговата душа...“

„Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои.“

„Минатото е пустош, а сегашноста е толку жалосна и достојна за презирање.“

„Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плашливо се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнување како да се покајало за својата минутна слабост.“

„На едната страна е она што го дави човекот, на друга е збран револтот на совеста.“

„Во осамената соба влезе животот, наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.“

„Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад наклоните и преправањата го крие својот страв.“

„Зар не е одвратно да влезеш под кожата на оној што не можеш да го поднесеш ни со чувството ни со мислата?“

„Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.“ 

Saturday, May 5, 2012

Зборови Волшебни


Средба

Снег трагите ги скрива,
снег сегде, сегде мрак.
За малку патем свивам,
ти си пред куќен праг.

Ти, сама, в палто ветво,
без шапка, чевол мек,
се грчиш в немир сета,
жвакајќи мокар снег. 
Се губи сè, мрак црн е,
сè тоне в маглив мрак.
Сал ти сред снежен врнеж
на аголот стоиш пак.

И образ вода кваси
се цедат капки рој,
ко роса да ги краси,
милите коси твои.

И една светла шурка
ги зрачи: твојот лик,
забратката, фигурата
палтенцето во шик.

Врз клепки снегот блести,
во твоите очи- жал,
цел облик ти се вести
в дел еден, в кој се збрал.

Ко божем нож ме реже
копајќи внатре пат,
од резот, чуј се ежи
срцето сето в јад.

Засекогаш јас чинам,
те гледам смирна, клет,
и нејќам да се кинам
што зол е сиот свет.

И затоа се множи
в снег сета таа ноќ,
па, граница да сложам
меѓу нас- немам моќ.

Но кои сме, од кај сме,
штом мине веков в час,
интригите останаа,
а од нас- ниту глас.


Борис Пастернак  (Засыпет снег дороги)

препев: Гане Тодороски


Thursday, May 3, 2012

Ја проколнувам реката на времето

„Светот се отвори во целата своја ширина, назад во времето, напред во времето, историјата беше една долга река и ние бевме дел од таа река.
Народите во сите држави имаа исти стремежи, исти соништа и стоеја рака в рака во еден голем круг околу целата планета.“

„Она што тече под површината може да се движи во сосема различен правец од оној за кој си верувал дека сите се согласни, и ако не си внимателен можеш да останеш сам.“

„Седнав на маса со топлото кафе во светло-жолта голема шоља и мислев на зградата таму долу која гореше и на луѓето кои живееја во становите кои гореа, разбудени во креветите сред ноќ од воздухот црвен и вжештен, и како трчаа кон вратите со децата во 
раце, кон скалите надолу до првиот, излегувајќи главечки на улицата во последен момент, во студениот декември, а студот беше шок за телото.
Но се` што мораше да се направи беше направено од оние кои знаеја што прават, и јас не сакав да излезам надвор, да стојам таму и да зјапам како што правеа другите и да бидам еден од нив.“

„Го чувствував мирисот на нејзиниот парфем како се меша со зимскиот воздух и остана да виси таму, и парфемот можеби беше од посилните, но во секој случај ме погоди во внатрешноста што всушност е и целата поента на парфемите.“

„Без оглед на тоа каква жена си била како млада, ќе дојде денот кога се` си доаѓа на свое, и украсите и тантелените прекривки и малите кученца од порцелан и овчарчето од порцелан со воденичарско тркало некаде на алпите...“

Sunday, April 29, 2012

Волшебникот

„За романсиерот загубата е нужна и особено плодна за неговите книги, без оглед на тоа колку болна може да биде за неговата личност.“

„Вистинската слобода секогаш лежи меѓу двете алтернативи, а никогаш само во едната, и заради тоа никогаш не може да постои апсолутна слобода.“

„Секој цинизам само ја маскира неуспешноста за справување со предизвиците; ја маскира немоќта.“

„Вие го имате единственото нешто што вреди. Сите ваши откритија се` уште се пред вас.“

„Случајноста има многу лица.“

„-Зошто да се мачам да поминам стотици страници за да откријам неколку мали вистини?
- Заради задоволство!
- Зборовите и служат на вистината. На фактите, не на измислиците.

Saturday, April 28, 2012

Лебарка

„Подземјето, пријателе, си е свет сам за себе. Другите луѓе гледаат кон небото, но ти велам единствениот пат до светот води низ подземјето.“

„Празнината не може да се искуси. Празнината значи апсолутно исчезнување, без каква било свест за тоа. Немам друг избор- или непрекинато постоење или ништожност.“

„Огледалото никогаш не ја одразува истата слика два пати.“

„Како да постоиш без да припаѓаш?“

Tuesday, April 24, 2012

Без догма

Човекот е како море, има свои приливи и одливи“.

„Се сметаме за процут на цивилизацијата, за последното ниво, а сме ја изгубиле вербата во себе“.

Колку длабоко е несреќен човекот чие срце и душа ја изгубиле едноставноста“.

„La nuit porte conseil“.  (Ноќта е добар советник)

„Современиот човек е составен од толку нишки, што кога сака да се одврзе, уште повеќе се заплеткува“.

„Човечкото срце не може да се заштити од љубовта, а љубовта е стихија, тоа е таква сила како плимата и осеката на морето“.

Monday, April 23, 2012

Срце толку бело

„Ништо не му пречи на слушањето, колку слушањето на две работи одеднаш, два гласа; ништо толку не му пречи на разбирањето колку истовременоста на две или повеќе личности кои зборуваат, не почитувајќи го редоследот“.

„Кога човек напрегнато слуша, ништо не гледа, како секое напрегнато сетило да го исклучува дејствувањето на останатите“.

„Човек не го памти она што го натерале да запамти“.

„Почитувањето ги потиснува разговорите кои никогаш нема да бидат водени“.

„Она што во животот одбива, на крајот станува привлечно ако се погледне доволно пати на телевизија“.

Sunday, April 22, 2012

Разговор со Спиноза

„Се` има свое време, и секоја работа под небото има свое време; време кога ќе се родиш и време кога ќе умреш; време кога садиш и време кога корнеш од насаденото; време кога се урива и време кога се гради; време кога се плаче и време кога се смее; време кога се тагува и време кога се игра; време кога се расфрлаат камења и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш и време кога се одбегнуваат прегратки; време кога се добива и време кога се губи; време кога се чува и време кога се растура; време кога се раскинува и време кога се сошива; време кога се молчи и време кога се зборува; време кога се сака и време кога се мрази; време за војна и време за ми“.

„Оној кој сонува, сонува поттикнат од афектите“.

„Само едноставните нешта можат да донесат смрт. Сложените носат само тегобност“.

„Последно нешто на кое мисли слободниот човек, е смртта“.