„Книгите се напишани, не за да им веруваш, туку за да расудуваш врз нив.“ - Умберто Еко

Wednesday, May 16, 2012

Пустина

„Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие; лудост која напнуваше на дебелите камени ѕидови, но неможејќи да ги турне се уништуваше самата себе.“

„Секој цвет си има своја миризба. Судено му е на мажот да лета од цвет на цвет, да го собира најслаткото од нив. Насити му се, скини го- убавината еднаш се дава и се зема. Фрли го во морето, нека го носат далгите на заборав.
Останува само нешто во душата- мирисот на цветовите.
Жената само еднаш се љуби, тоа што било прво е неповторливо.“

„Сиот овој проколнат свет, тука и надвор е криво насаден, невозможен. Да, и јас сум невозможен, таков сум... Можеби не сум го познавал сето тоа што сега ми се покажува. Не, сигурно светот изгледа поинаков надвор од проклетиве ѕидови, надвор од мене.“

„Во темницата телото тлее и очите, загледани во решетката истекуваат во копнеж да го здогледаат нејзиниот лик. А таа не се огласува на неговото довикување зашто тој е во темницата, а таа е таму од каде што блика светлината; нема да дојде, а тој нема очи да ја види... останува само во неговата душа...“

„Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои.“

„Минатото е пустош, а сегашноста е толку жалосна и достојна за презирање.“

„Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плашливо се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнување како да се покајало за својата минутна слабост.“

„На едната страна е она што го дави човекот, на друга е збран револтот на совеста.“

„Во осамената соба влезе животот, наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.“

„Тој е само еден понизен роб на својата ограниченост, кој зад наклоните и преправањата го крие својот страв.“

„Зар не е одвратно да влезеш под кожата на оној што не можеш да го поднесеш ни со чувството ни со мислата?“

„Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.“